Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е осуден условно во Хрватска, по што беше и протеран од нивната земја на три месеци, пишува српски „Телеграф“.
Сергеј Трифуновиќ вчера на 22 септември ја напуштил Хрватска, а цело време со него била и неговата сопруга Исидора, која потврдила дека со сопругот се вратила во Србија.
– Сергеј и јас вчера пристигнавме во Белград – кратко рекла Исидора.
Да потсетиме, во емисијата „Блиц во живо“ на телевизија „Блиц“ се вклучила сопругата на Сергеј, Исидора, која открила дека актерот е осуден на една година затвор условно, како и дека до 22 септември морал да ја напушти Хрватска.
– Сергеј е казнет за „мим“ фотографија, тој не е автор на таа фотографија, тој е дистрибутер. Фотографијата беше спорна. Овој случај нема врска со оној од минатата година во Сплит. Сергеј тогаш беше осуден и таа казна ја плати. Имајќи предвид дека тој не бил на територијата на Република Хрватска кога се случила таа „мим“ слика, не ни е јасно дали тој подлежи на хрватските закони – рекла Исидора и додала:
– Забранет му е влез во Хрватска на три месеци. До 22 септември мораше да ја напушти Хрватска – рекла сопругата на Сергеј Трифуновиќ, а потоа открила како нејзиниот сопруг и таа поминале во Хрватска откако тој бил пуштен на слобода.