More

    Еве што го издвојува THAAD од другите противракетни системи

    spot_img

    Moќниот противракетен систем THAAD кој САД ќе му го достави на Израел за да се одбрани од можен напад од Иран ги разбуди стравувањата од нов конфликт на Блискиот Исток. Додека кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучува дали да му се одмазди на Иран, Вашингтон потврди дека ќе му достави на Израел една батерија THAAD заедно со 100 војници кои ќе управуваат со оружјето.

    Пентагон не даде распоред за тоа кога системот ќе биде активен во Израел. Од друга страна, Иран ги информираше САД дека ќе возврати на секој нов напад од Израел, изјави извор од Техеран за Си-Ен-Ен во саботата.

    THAAD е единствен американски противракетен одбранбен систем кој може да уништува балистички ракети со со краток и среден дострел како внатре така и надвор од атмосферата за време на нивната терминална фаза на летот. Дострелот му е до 200 километри.

    Пресретнувачите THAAD се кинетички, што значи дека ги отстрануваат дојдовните цели со директен судир во нив наместо да се детонираат во близина на боева глава, пишува Си-Ен-Ен. Се работи за едно од најмоќните противракетни американски оружја. Она што го прави неверојатно прецизен е радарскиот ситем.

    Радарскиот систем, кој може да се распореди со ракетната батерија или веќе да биде поставен на бродовите на американската морнарица или на други инсталации, може да открие проектили на два начина.

    Во неговиот режим поставен кон надвор, тој е конфигуриран да стекнува и следи цели на опсег до 3.000 километри, додека во неговиот терминален режим е насочен нагоре за постигнување цели за време на нивното спуштање.

    Иран се наоѓа на 1.700 километри од Израел. Според воените аналитичари, THAAD засега ќе се користи само за одвраќање напади и нема да дејствува сам при одбрана на Израел.

    Интересно е што THAAD може да комуницира со ракетната одбрана на САД, со бродовите на американската морнарица и со антиракетните системи Патриот кои пресретнуваат цели со помал дострел.

    Според извештајот на Конгресната служба за истражување, американската војска има седум батерии од моќниот ситем, од кои секоја се состои од шест фрлачи (батерии) поставени на камиони со по осум пресретнувачи заедно со моќен радарски систем и компоненти за контрола на оган и комуникација.

    Ова не е прв пат Вашингтон да испрати батерија THAAD во Израел. Еден беше испратен во 2019 година за време на воена вежба со израелските сили.

    Во 2017 година еден THAAD беше распореден во Јужна Кореја поради растечките закани од Северна Кореја. Ова ја налути Кина која стравува дека силните радари на системот можат да послужат за шпионирање.

    САД исто така распоредија една батерија на островот Гуам во Пацификот за да ги заштитат своите воени бази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img