More

    Еве под кои услови фирмите ќе можат да ги користат кредитите од унгарскиот заем

    spot_img

    Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени, историски најниска камата од 1,95% со исплата до 15 години со вклучен грејс период до 3 години, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

    – Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. На седница на Влада одржана во вторникот се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва. Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра; рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот; фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување; сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата – изјави Митева.

    Дополнително, додаде таа, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема; недвижности (погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба); транспортни средства поврзани со производствениот процес; обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

    – Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5% од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост – рече Митева.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img