Новак Ѓоковиќ е во незавидна положба по лошиот старт на сезоната и разделбата со Горан Иванишевиќ кој беше негов тренер во изминатите 6 години. Во првата третина од 2024 година, најдобриот тенисер на светот не само што сè уште нема освоени ниедна титула, туку нема одиграно ни финале.
На Австралија опен, Ѓоковиќ беше сопрен во полуфиналето од Јаник Синер. Во Индијан Велс загуби од апсолутен аутсајдер, 123.тенисер на АТП листата, Лука Нарди, а во Монте Карло во полуфиналето го претрпе првиот пораз од Каспер Руд.
И додека Новак Ѓоковиќ се обидува одново да се врати во победнички ритам, се случи една интересна ситуација.
Познатиот американски актер Метју Меконахи на Инстаграм објави фотографија на која игра тенис и порача дека го сака тој спорт, а Ноле веднаш му испрати порака и се пошегува со состојбата во која моментално се наоѓа во однос на формата и успехот.
– Дали имаш некој совет? – го праша првиот светски рекет холивудскиот актер.
Меконахи играл тенис во училишните денови, но никогаш не стана професионалец – се посвети на актерството.
Актерот не зажалил за својата одлука со оглед на фактот дека постигна голем успех и досега има заработено околу 200 милиони долари во филмската индустрија, но не крие дека сепак многу го сака „белиот спорт“.
Доаѓа на некои од најголемите турнири, а често може да се забележи и во ложата на Ѓоковиќ.
Дури и Роџер Федерер во една прилика рече дека „Метју Меконахи би можел некогаш да го игра Новак Ѓоковиќ на филмското платно“, а за неговиот лик во тој филм би ги одбрал „Леонардо ди Каприо или Рајан Рејнолдс“.
Ѓоковиќ и Меконахи се познаваат неколку години – а неодамна се зближија. Ноле во 2022 година изјави дека му се допаѓа упатството на споменатиот актер за правење листа на приоритети на дневната ниво, со цел да остави повеќе време за одмор и спиење. Во 2003 година, Меконахи, со сопругата Камила Алвес, беше во ложата на Ѓоковиќ во финалето на УС Опен кога Србинот го победи Данил Медведев.