More

    Еве колку заработува Мараја Кери секоја година

    spot_img

    Ретко нешто повеќе ја означува сезоната на празници од празничниот хит на Мараја Кери „All I Want for Christmas Is You“. Песната стана синоним за божиќните празници и тешко е да се оди некаде во овој период од годината без да се слушне познатата мелодија.

    За Кери, оваа песна е дар што не престанува да се дава. Според „Билборд“, пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната, додека според студијата на „Економист“ од 2016 година, Кери заработува во просек по 2,5 милиони долари хонорари секоја година. Песната, објавена во 1994 година, би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработувачка во 2023 година, според извештајот на Асошиетед прес.

    „All I Want for Christmas Is You“ достигна една милијарда преноси на Спотифај во декември 2021 година и беше број 1 на Hot 100 на „Билборд“ во последните четири години по ред.

    Кери со текот на годините заработи милиони долари благодарение на нејзината успешна музичка кариера, турнеи и концерти, а  според „Селебрити“ нејзиното богатство се проценува на 350 милиони долари.

    Најпознатата  божикната песна постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на Спотифај за 24 часа. За еден ден во декември 2018 година, песната стримуван повеќе од 10,8 милиони пати, а повторно го собори рекордот во 2022 година со 21,3 милиони стримови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img