More

    Еве колку просечни национални плати месечно заработуваат европските лидери

    spot_img

    Највисока плата меѓу европските лидери зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно во споредба со просечната плата во земјата, потоа следи премиерот на Словачка Роберт Фицо со 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала со 10.800 евра.

    Македонската влада пред неколку дена на официјалната страна објави дека премиерот Христијан Мицкоски секој месец зема 2.280 евра. Веднаш зад него е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој со дополнителниот бонус зема плата скоро колку премиерот. Останатите министри во македонската влада на своето конто секој месец добиваат 1.870 евра.

    Инаку, според пресметките, доколку платата на премиерот Мицкоски се подели со просечната плата во Македонија, која во јуни изнесуваше 670 евра, тогаш тој зема 3,4 просечни плати. Во ова рангрирање Мицкоски би бил зад премиерот на Португалија, Луис Монтенегро, додека зад нашиот премиер е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Инаку, по одлуката на хрватската Влада за зголемување на платите на највисоките државни претставници, Андреј Пленковиќ ќе биде помеѓу најплатените европски премиери.

    Хрватските медиуми објавија дека бруто-платата на Пленковиќ од следниот месец ќе изнесува 9.367 евра, тоа е за 2.274 евра повеќе од досега. Така, Пленковиќ ќе зема 5,1 просечни хрватски плати месечно.

    Само во однос на платата, Виктор Орбан не е најплатен во ЕУ. Седум европски шефови на влади заработуваат повеќе од него. Највисока е онаа на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој заработува 348.300 евра бруто годишно или околу 29.000 евра месечно. Но, оваа сума не е особено висока во споредба со другите германски јавни лидери: шефот на германската државна железничка компанија, на пример, доби повеќе од 2,2 милиони евра во 2022 година, околу 6 пати повеќе од канцеларот.

    Како и да е, Орбан зема месечно 9,5 просечни унгарски плати, Роберт Фицо 7,6 просечни словачи плати, Петр Фјала 6,1 просечни чешки плати, Киријакос Мицотакис 6 просечни грчи плати итн. Погледнете ја табелата:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img