Еве колку Меган и Хари добиле за снимањето на нивната документарна серија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата документарна серија на Нетфликс, „Хари и Меган“, предизвика бурни реакции во јавноста. Серијата некои ја нарекоа „американско пропагандно ѓубре“, а Хари и Меган се на удар на критики поради искористување на целата приказна за напуштање на кралското семејство за да добијат лична и финансиска корист.

Минатиот четврток беа објавени првите три епизоди од серијата, во кои двојката раскажува сè за својата врска, од самите почетоци до болните моменти со кои морале да се соочат.

Но, меѓу другото, сите се прашуваат: Колку точно ги чинело споделувањето интимни и за нив тешки моменти со јавноста?

Според наводите на странските медиуми, Хари и Меган добиле 100 милиони долари за снимањето на серијата. Но, тоа е само дел од нивната заработка од споделувањето на сите тие болни моменти со гледачите.

Имено, откако решија да ги напуштат обврските во кралското семејство, Меган и Хари изградија медиумски брендови преку кои сакаат да ја раскажат својата приказна.

Тие ги основаа медиумските компании „Арчвел аудио“ и „Арчвел продакшнс“, а Меган го лансираше поткастот „Арчтајпс“ на Спотифај под нејзината продуцентска куќа, за што доби 18 милиони долари за тригодишно снимање.

Покрај тоа, Хари потпишал договор вреден 20 милиони долари за објавување на неговите мемоари.

 

Share This Article