Еве колкава штета претрпел српскиот бизнисмен

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синоќа се случил огромен пожар во погон на една од пекарницата на Драган Станковиќ, новото момче на српската водителка Јована Јеремиќ.

Српските медиуми, меѓу другото, пишуваат дека, за среќа, нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Драган Станковиќ претрпел штета од околу 30.000 евра по пожарот што синоќа избувнал во еден од неговите погони, дознава српски „Телеграф“ од извор близок на бизнисменот.

– Човекот кој ги смени плинските боци не си ја заврши работата добро и ги поврза плинските боци, така се случи хоророт, немаше дефект во работата – изјави претходно изворот на Телеграф.

– Беше драматично, пламените јазици се искачија и до 60 метри, затоа што гореше ридот! За среќа нема повредени, сите се добро – додава нашиот соговорник.

– Не зборуваме за фабриката која е централна, да нагласам, не е онаа кај него дома, туку подалеку – ни објасни изворот.
Од фирмата на Драган добивме официјално соопштение кое го пренесовме во целост.

За среќа, ова е далеку помала штета од онаа што ја претрпе на крајот на 2021 година, кога штетата изнесуваше повеќе од 2 милиони евра!

Пред нешто повеќе од две години, во декември 2021 година, Станковиќ претрпе милионска штета, кога во текот на ноќта во Грочка се запали неговата котлара од 1.000 квадратни метри.

Тој потоа зборуваше за медиумите по пожарот во фабриката во која тогаш имаа дури 700 вработени.

- Advertisement -
Ad image

– Пожарот започнал од котларата, па се проширил на документацијата, а со елементот пожар веќе не можеле да се борат, односно немало излез да го изгаснат и решат. Пожарникарите пристигнаа во рекордно време и би сакал да ја искористам оваа прилика да ги пофалам нашите херои кои вршат тешка работа. Кога човек ќе доживее вакво нешто, дури тогаш гледа. Така да им благодариме за се – рече тој во таа прилика.

– Вработени се околу 700 лица, од утре треба да продолжиме со производството, за да продолжи процесот. Материјалната штета според мојата прва проценка е меѓу два ипол и три милиони евра. Не сум сигурен дали сме осигурани, морам да проверам кај финансискиот директор – рекол тогаш Драган за Нова, кој започнал бизнис со тогашната сопруга.

Share This Article