More

    Еве кои се 13-те новоизбрани обвинители

    spot_img

    Пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство во Скопје и по еден во Гостивар и Кавадарци беа избрани на денешната 82 Седница на Советот на јавни обвинители.

    Од пријавените шест кандидати на огласот за пет, во Основното јавно обвинителство Скопје беа избрани Зоран ЗдравевИрина СпасовскаЕмилија Мизо ДимковФатмир МусаАјбејан Ајдини, а не беше избран кандидатот Игор Димитровски.

    Во Основно јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, а во ОЈО Кавадарци, Елена Манчева Костова, единствени пријавени кандидати на соодветните огласи за двете обвинителства.

    На денешната 82 седница, претходно, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби двајца нови обвинители, а на една обвинителка ѝ беше продолжен мандатот.

    Станува збор за обвинителките Оливера ПроескаВерица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.

    Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img