Високиот холестерол, особено ЛДЛ холестеролот, е главната причина за кардиоваскуларни болести. Кога ЛДЛ холестеролот се акумулира на ѕидовите на артериите, тој формира плаки што ги стеснуваат крвните садови и го попречуваат протокот на крв.
Ова може да доведе до сериозни проблеми, како што се срцев или мозочен удар.
Со намалување на нивото на холестерол преку правилна исхрана, значително го намалувате ризикот од овие болести и го заштитувате вашето здравје на долг рок.
Есента е идеално време за уживање во сезонско овошје кое не само што е вкусно, туку позитивно влијае и на вашето здравје, особено кога станува збор за намалување на холестеролот.
Доколку сакате природно да го намалите нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол, вклучете ги овие есенски овошја во вашата секојдневна исхрана, тие се богати со влакна, антиоксиданти и хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на срцето.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.