Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ се разведоа по две децении брак, а борбата околу имотот сè уште трае.
Како што дознава српски „Блиц“, Мелина пред неколку дена упаднала во семејната куќа во Сењак во која сè уште живее Харис со нивните наследници – синот Кан и ќерката Џина. Харис повикал полиција, а Мелина во таа прилика рекла дека две години трпела семејно насилство.
Иако Мелина ја напушти куќата во Сењак, сè уште не се знае кому ќе му припадне, а тоа не е единственото нешто за што сопружниците ќе се спорат.
Имено, Харис во изминативе години купил стан во Париз, поседува куќа во Сараево, стан на Бежанијска Коса, како и вила на Сењак која е проценета на 2 милиони евра.
Исто така, сопружниците поседуваат луксузни автомобили, а Харис го финансираше модниот бренд на Мелина, за кој своевремено зборуваше и самата модна дизајнерка.
Да потсетиме, како што дознава „Блиц“, Мелина на 1 април вечерта упаднала во семејната куќа во Сењак, а Харис потоа за „Блиц“ открил што се случило.
– Мелина упадна во куќата, ме нападна вербално, не физички! Таа ми кажа дека има право да влезе, а јас веднаш повикав полиција. Не мора таа физички да ме нападне, психички е многу полошо, вербално! – рекол Харис за „Блиц“.
Како што дознава „Блиц“, по пристигнувањето во полиција, Мелина Џиновиќ рекла: „Добро вечер, јас сум Мелина Џиновиќ и сакам да го пријавам насилството кое трае веќе две години“.
ФОТО: Инстаграм