More

    Еве како Мицотакис возврати на изјавата на Ердоган

    spot_img

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето на денешната владина седница истакна дека на неговите патувања во САД и Давос била пренесена пораката дека „Грција е силна на секое ниво: дипломатско, одбранбено, економско, но сега и енергетско“, јави дописничката на МИА од Атина.

    – Силна Грција, се разбира, на некои им пречи – додаде Мицотакис, осврнувајќи се на Турција и последните случувања во грчко-турските односи.
    Тој рече дека соседот колку повеќе се заканува „толку повеќе се разоткриваат“ и „колку повеќе нè предизвикуваат толку повеќе се маргинализираат“.

    – Многупати имаме кажано дека географијата сака да сме еден до друг, но, за жал, тие избираат да застанат наспроти нас, наспроти меѓународното право, наспроти Европа, наспроти НАТО. Па така, ние, немаме причина да отвориме дијалог со незаконското, со неисториското и на крај со ќорсокакот. Напротив, секогаш сме отворени за секој пристап заснован на меѓународното право, но и на добрососедските односи. Но, тоа не значи дека нема да ги браниме нашите права и очигледно не значи дека нема да го објавуваме на меѓународно ниво, на сите форуми, сето она неприфатливо што се случува во нашиот регион во последните месеци – рече Мицотакис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img