“ Еве како ќе функционира десетгодишниот договор за снабдување на Украина со милијарди долари

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Ако Русија ја врати контролата врз своите замрзнати средства или ако замрзнатите средства не генерираат доволно камата за враќање на заемите, „тогаш се поставува прашањето за поделба на товарот“.

Вака изјави неименуван француски службеник за најавената помош од 50 милијарди долари која треба да ја добие Украина од Западот во форма на заеми од замрзнатите руски средства.

Макс Бергман, директор на Програмата за Европа, Русија и Евроазија во Центарот за стратешки и меѓународни студии, минатата недела изјави дека постои загриженост меѓу европските министри за финансии дека нивните земји „ќе останат да ја  држат прaзната тoрба ако Украина не плати“, пишува Јаху.

Како ќе функционира договорот кој седумте најмоќни земји во светот го потпишаа на самитот Г-7 во јужна Италија и дали постојат правни пречки? Заемите би биле гарантирани од американската влада, но повеќе од вкупните 260 милиајрди долари се наоѓаат во Европска унија.

Повеќе од парите се профити од готови замрзнати средства бидејќи е полесно да се пристапи до тој извор на пари. Но, во случај да треба запленетиот руски имот да се претвори во пари, тоа е потешко и постојат одредени правни недоумици.

Американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека официјалната изјава на лидерите на Г7 што треба да биде објавена во петок ќе ја остави отворена вратата за обид за целосна конфискација на рускиот имот.

– Зошто едноставно не ѝ дадете на Украина замрзнати средства? Тоа е многу потешко да се направи – изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен.

Одделно, САД оваа година усвоија закон наречен REPO Act – кратенка од Законот за обнова на економскиот просперитет и можности за Украинците. Актот ѝ дозволува на администрацијата на Бајден да заплени 5 милијарди американски долари руски државен имот во САД и да ги искористи за да биде во корист на Киев. Тој закон е на сила.

Украина ќе може да ги троши парите во неколку сфери, вклучително и воена, економска и хуманитарна, но и за реконструкција, изјави американскиот претставник.

- Advertisement -
Ad image

Трошоците за обнова на Украина по војната, според последната проценка на Светската банка се 486 милијарди долари во следните 10 години.

Францускиот функционер рече дека заемот може да биде „дополнет“ со европски пари или придонеси од други земји.

Некои земји имаат критички став кон планот за конфискација на руски имот.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенџу изјави за Асошиејтед прес дека САД ги охрабруваат борбите и охрабруваат конфронтација.

„Ги повикуваме САД веднаш да престанат со наметнување нелегални еднострани санкции и да одиграат конструктивна улога во завршувањето на конфликтот и враќањето на мирот.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Џо Бајден по потпишувањето, украинскиот лидер Володимир Зеленски рече дека „најсилниот договор“ меѓу Вашингтон и Киев „јасно кажува дека Америка ги поддржува напорите на Украина да победи во оваа војна“ против Русија.

– Договорот „има добри одредби за оружје за нашата одбрана, многу конкретно за системите „Патриот“, многу конкретно за снабдување на борбени ескадрили за Украина – така е, во множина, „ескадрили“ – вклучително, но не ограничувајќи се на Ф-16 – тврди Зеленски.

– Ние работевме долго време за ова – додаде тој коментирајќи го потпишаниот десетгодишен договор.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен во четвртокот рече дека ова нема да бидат последни средства за Украина:

– Ова не е последен пат да се направи ова. Ова е прва транша и ако е потребно, има повеќе зад неа – рече Јелен, која активно беше вклучена во преговорите за договорот.

– Ги тераме Русите да помогнат да ја платат штетата што е предизвикана.

Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишаа билатералниот десетгодишен договор што доаѓа откако 15 земји склучија слични долгорочни безбедносни договори со Киев, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија.

Земјите од Г-7 начелно се договорија за планот за финансирање на Украина со заеми, но допрва ќе треба да ги договорат деталите.

Share This Article