More

    Еве како изгледаше прекинот на летовите во САД поради хаваријата

    spot_img

    Додека се шпекулира за тоа дали проблемот со светската ИТ-хаварија на „Мајкрософт“ поврзана со компанијата „Краудстрајк“ е во ажурирањето на оперативниот систем, како што тврдат од „Краудстрајк“, или нешто друго, снимка од тоа како за брзо згасна авиосообраќајот во САД прошета по социјалните мрежи.

    Анимацијата ги покажува сите летови во САД 12 часа до самиот  прекин. Гужвата наеднаш запира.

    Воздушниот сообраќај низ Америка полека запре бидејќи Федералната управа за авијација на САД приземји голем број летови поради технички дефект во информациските системи. Тоа се летовите на Делта, Јунајтед,  Американ ерлајнс…

     

     

    Последната бројка е дека околу 4.295 летови на глобално ниво, или 3,9% од сите планирани услуги, се откажани денеска, според воздухопловните податоци на „Сириум“. Додека прекинот во ИТ-услугите предизвика откажување на некои летови, оваа бројка ги вклучува и оние откажани поради други причини, јавува Би-Би-Си.

    Како што се натрупуваа редици на аеродромите, ТВ каналите беа исклучени во многу земји и лекарските состаноци беа одложени.

    Акциите на компанијта паднаа за 15% на „Насдак“ берзата во Њујорк.

    Синиот „екран на смртта“ го парализираше светот.

    Шефот на компанијата „Краудстрајк“ за сајбербезбедност за Ен-Би-Си изјави:

    „Знаеме што е проблемот… и го решивме проблемот. Колку време ќе биде потребно за да се врати сè и да работи за корисниците? „Може да помине време за некои системи кои едноставно автоматски нема да се опорават, но нашата мисија е… да се погрижиме (системот на) секој клиент целосно да закрепне“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img