More

    Еве како Британија ги штити националните споменици од оние кои се качуваат на нив

    spot_img

    Британската влада денеска ги објави плановите за воведување кривични казни од три месеци затвор плус парична казна од илјада фунти за лицата кои се качуваат на националните споменици.

    Соопштението доаѓа по антиизраелските демонстрации во Лондон.

    Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека инцидентите на неодамнешните протести биле предизвикани од „мало малцинство посветено на повредување и навредување на оние кои ја платиле крајната цена за слободата“.

    – Мирниот протест е основно право во нашата земја, но искачувањето на нашите споменици е навреда што не може да се дозволи – рече Клеверли.

    Воведувањето на кривична одговорност за такви дела ќе биде дел од планот за зајакнување на полициските овластувања во сузбивање на немирите, наведе владата.

    Демонстрации против израелското бомбардирање на Појасот Газа неколкупати се одржуваат во Лондон и во други европски градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img