Еве ги забелешките на европратениците за оваа земја

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Србија не може да напредува кон членство во Европската унија без постепено усогласување на политиката кон трети земји, вклучително и Русија, нагласија во вторникот пратениците во Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Белград.

На пленарната седница во Стразбур, Владимир Билчик го претстави својот извештај за Србија за 2021 година, за кој пратениците ќе гласаат в среда.

– Успешниот европски пат на Србија сега е поважен од кога било. Србија и припаѓа на ЕУ, но треба уште многу да се направи, кажа Билчик, нагласувајќи дека руската агресија против Украина е „повик за будење за забрзување на европските интеграции“.

Во извештајот на Билчик се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, која вклучува санкции против Русија.

Во тој документ Русија се споменува триесет пати, но се нагласува и дека ЕУ останува целосно посветена на европскиот пат на Србија.

Комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, зборуваше за „постепеното усогласување“ на надворешната политика на Србија со Европа, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кон Русија, како што направија членките на ЕУ, но и други земји кои сакаат за влез во Унијата.

Ленарчич рече дека е важно Србија да ја намали зависноста од рускиот гас, во што ѝ помага ЕУ, на пример со финансирање на интерконекцијата со гасоводот во Бугарија.

Извештајот ја повторува посветеноста на Брисел за членството на Србија и ја критикува Србија за ограничените медиумски слободи и нападите врз политичките противници.

Меѓу другото, српските власти беа повикани да ја истражат криминалната група на Вељко Беливук и правно да го решат незаконското уништување на приватен имот во Савамала, а критикувано е и затворањето на историските архиви на Југославија, особено на тајната југословенска служба УДБА.

- Advertisement -
Ad image

Во дебатата, европратениците најмногу се согласија дека Србија има уште многу работа на патот кон членството, со акцент на зајакнување на демократските институции и слабеење на односите со Русија.

Дел од пратениците го критикуваа тонот на извештајот, кој го сметаат за покровителски, со оценка дека може да доведе до отуѓување на Србија од европскиот пат.

Бугарскиот пратеник Александар Јорданов, зборуваше за „српскиот свет“, фраза што често ја спомнува српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, споредувајќи ја со хегемонистичката политика на Кремљ.

- Advertisement -
Ad image

Во критиките на Србија се вклучија и четири хрватски пратеници , кои посочија дека „Србија денес не е демократска држава и дека таа има хегемонистички аспирации кон соседите.“

Share This Article