More

    Евакуирано македонско семејство од Газа

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон земјава, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

    „Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани“, појаснуваат од МНР.

    Од Министерството за надворешни работи велат дека преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img