„Еуромакс ресоурсес“ со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нивните права како инвеститор, соопшти компанијата по објавувањето дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите „Иловица-Штука“.
– Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени – велат од „Еуромакс ресоурсес“.
По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземе за да ги заштити своите права како инвеститор.