Европската унија воведе санкции за 28 лица обвинети за учество во кршење на човековите права во Белорусија.
Средствата на обвинителите и судиите кои „изрекувале политички мотивирани пресуди“ се замрзнати, а на овие лица им е забранет влезот во ЕУ, пренесува АП.
Санкциите важат и за службениците на белоруското Министерство за внатрешни работи, затворските службеници и „режимските пропагандисти“ вработени во медиумите.