Европската унија (ЕУ) одлучи да воведе нови санкции против Иран, насочени кон производителите на дронови и ракети, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Одлучивме да воведеме санкции кон Иран, сакавме да испратиме јасна порака“ по нападот врз Израел, изјави Мишел по самитот во Брисел на кој се собраа лидерите на 27 земји-членки.
Тој додаде дека идејата е санкциите да бидат насочени против компании кои се занимаваат со производство на дронови и ракети.
Иран изминатиот викенд лансираше беспилотни летала и проектили на израелска територија како одговор на нападот на иранската амбасада во Дамаск на 1 април, кој му се припишува на Израел.