More

    ЕУ увезе играчки во вредност од 7,1 милијарди евра

    spot_img

    Европската унија увезла играчки во вредност од 7,1 милијарди евра од други земји во светот, а најголем снабдувач била Кина, објави европската статистичка служба Евростат.

    Според податоците за 2021 година, извозот на играчки од ЕУ во земјите кои не се членки достигна третина од вредноста на увозот и изнесува околу 2,4 милијарди евра.

    Најмногу играчки доаѓаат од Кина, од која се увезени 83 отсто од играчките, многу повеќе од другите земји. Четири отсто биле увезени од Виетнам, а два отсто од Обединетото Кралство.

    Околу една петтина од увезените играчки отишле во Германија (19 отсто), Холандија 17 отсто и Франција 11 отсто.

    Најголема извозна дестинација беше Обединетото Кралство, каде што ЕУ извезла 27 проценти од играчките. Зад неа се Швајцарија (12 проценти) и САД (11 проценти).

    Третина од играчките извезени од ЕУ се произведени во Чешка (34 отсто), 21 отсто во Германија и седум отсто во Белгија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img