More

    ЕУ спрема нов документ за да им помогне на земјите да конфискуваат руски имот

    spot_img

    Европската комисија подготвува документ според кој избегнувањето санкции против Русија ќе биде кривично дело, пишува порталот Политико. Документот конечно треба да биде претставен за две недели, а во основа треба да им помогне на земјите-членки да го конфискуваат замрзнатиот руски имот како дел од санкциите против Русија.

    Комисијата, како што се наведува понатаму, ќе го достави предлог -одредбите од договорот кои им овозможуваат на земјите, во координација со Европскиот парламент, да воспостават минимални правила за дефинирање на кривични дела и санкции во областите на особено сериозни кривична дела кои имаат прекугранична, меѓународна димензија.
    Овој потег ќе им обезбеди на земјите правна основа за конфискација на имотот на Русија.

    Земјите од Европската унија од април замрзнаа речиси 30 милијарди евра имот, вклучувајќи јахти, вили и уметнички дела на поединци и компании под санкции, а порталот наведува дека сумата е веројатно уште поголема.

    Прашањето што да се прави со запленетиот руски имот би можело да им се остави на поединечните држави да го решаваат, вели еден од соговорниците на порталот Политико, истакнувајќи дека продолжуваат дискусиите дали тие пари треба да се пренасочат во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img