ЕУ мора да биде јасна за проширувањето – Средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Петр Фиала

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.

 На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.

 Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

 Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

 На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.

Share This Article