More

    ЕУ ќе препорача четврта доза од вакцината за оние над 60 години

    spot_img

    Здравствените агенции на Европската унија во понеделник ќе препорачаат втора доза вакцинација против коронавирусот за сите постари од 60 години поради новото ширење на инфекцијата и хоспитализациите низ Европа, соопшти во понеделникот еврокомесарот за здравство.

    „Денес ECDC и EMA ќе препорачаат дополнителни вакцини за заштита на најранливите“, рече комесарката Стела Киријакидес, мислејќи на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови.

    Агенциите треба да излезат со заедничко соопштение.

    „Клучно е сите постари од 60 години и сите ранливи луѓе да ја добијат својата втора засилувачка доза што е можно поскоро“, рече Киријакидес.

    Од април, здравствените агенции на ЕУ препорачаа втора вакцинација само за оние над 80 години и за најранливите.

    Новата препорака се очекува да ги олесни националните одлуки за забрзување на кампањите за вакцинација, кои се забавија до речиси застој во последниве месеци.

    „Мораме да дејствуваме сега за да ја зголемиме заштитата на граѓаните кои се изложени на ризик во текот на летните месеци“, рече Киријакидес.

    Таа истакна дека моментално достапните засилувачки вакцини, како што се Pfizer и Moderna, се „многу ефикасни во намалувањето на тешката форма на ковид“.

    Сепак, не е јасно колку се ефективни во спречувањето на инфекции со најновите подваријанти на омикрон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img