More

    ЕУ и САД ја поздравија одлуката на Косово да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија

    spot_img

    Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер и претставниците на Европската унија ја поздравија одлуката на косовската влада за укинување на забраната за увоз на стоки од Србија и овој потег го оценија како важен чекор кон европската интеграција. Ховениер рече дека укинувањето на таа забрана го води Косово кон европската интеграција и ја поттикнува слободната трговија.

    „Задоволен сум од одлуката на Владата на Косово да ја укине забраната за увоз на готови производи од Србија. Ова е важен чекор во вистинската насока за Косово, на неговиот пат кон европската интеграција. Ги цениме нашите меѓународни партнери за нивните континуирани напори за унапредување на слободната трговија во регионот“, напиша американскиот амбасадор.

    Во објава на Фејсбук, ЕУ наведува дека слободната трговија со стоки низ Западен Балкан е „клучна за функционирањето на заедничкиот регионален пазар, кој е составен дел од Планот за раст, во корист на луѓето и економијата“.

    Владата на Косово вчера одлучи да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија, која беше воведена претходно поради безбедносни причини. Косово го прекина увозот од Србија минатата година, по апсењето на тројца косовски полицајци од страна на српските сили и по зголемените тензии на северот и сомневањата дека се шверцува оружје заедно со стока. Во меѓувреме се променети мерките, па се дозволува увоз на суровини и полупроизводи потребни за финално производство.

    Германија неодамна му се закани на Косово дека нема да може да учествува на самитот на Берлинскиот процес на 14 октомври доколку не ја укине забраната за увоз на стоки од Србија.

    Според германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Саразин, оваа косовска забрана ја блокира работата на Балканскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img