Европската унија (ЕУ) формално ќе побара од Европската комисија да ги вклучи обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел, објави Радио Слободна Европа.
Во нацрт-заклучоците, се наведува дека „Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија“.
Србија и Косово на 27 февруари постигнаа договор за патот кон нормализација на односите.
На 18 март во Охрид беше договорен анекс за имплементација на овој договор.