ЕУ денеска го усвои 15-от пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска го усвои 15-от пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина. На листата на санкционирани, поради заобиколување на санкциите, се и деловни субјекти надвор од ЕУ, вклучително и од Кина, Индија, Србија, Иран и од Обединети Арапски Емирати.

Новите мерки треба да го решат проблемот со заобиколување на санкциите и да ја таргетираат руската „флота од сенка“. Овие мерки треба да придонесат за слабеење на рускиот воен и индустриски комплекс.

– Овој пакет санкции е дел од нашиот одговор кој има за цел да ги ослабне руската воена машина и оние кои ја овозможуваат војната, вклучително и кинеските компании – рече високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Таа рече дека ЕУ ќе биде со Украинците на сите фронтови – на хуманитарен, економски, политички, дипломатски и на воен фронт.

– Нема сомнеж дека Украина ќе победи – рече Калас.

Конкретно, Советот на ЕУ се согласи на листата на санкциoнирани да додаде 54 лица и 30 ентитети, одговорни за активности кои ги поткопуваат или претставуваат закана за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Меѓу санкционираните се лица одговорни за депортација на деца и за пропаганда, како и високи менаџери во водечки енергетски компании.

Главната цел на ЕУ се руските одбранбени компании и бродски компании, одговорни за транспорт на нафта и на нафтени производи по морски пат, кои обезбедуваат важни приходи за руската Влада. На списокот се наоѓаат и хемиска фабрика и цивилна руска авиокомпанија.

Share This Article