ЕУ бара гаранции за снабдувањето од САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Европскиот парламент најави дека утре ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за да го обезбеди снабдувањето на Европа со течен гас во следните две зими.

– Утре ќе разговарам со претседателот Бајден за тоа како да се даде приоритет на снабдувањето со течен природен гас од САД за Европската унија во наредните месеци – рече Фон дер Лајен на пленарната седница на ЕП.

Таа додаде дека целта на ЕУ е да се добијат гаранции за дополнителни снабдувања за следните две зими, нагласувајќи дека енергетската политика е и безбедносна политика.

Фон дер Лајен ги коментираше високите цени на бензинот, истакнувајќи дека Комисијата предложила мерки за намалување на увозот од Русија.

– Посилни сме кога го користиме тоа што го нуди нашиот единствен пазар и доколку покажеме солидарност можеме да работиме заедно, првенствено во областа на високите и флуктуирачки нестабилни цени на бензинот – рече Фон дер Лајен во ЕП.

Затоа Комисијата, додаде таа, предложи мерки што ќе ни овозможат значително да го намалиме увозот на гас од Русија.

– Тоа е многу амбициозно, но ние веруваме дека можеме да го постигнеме и веќе тргнавме на овој пат – рече Фон дер Лајен.

Share This Article