Аеродромот во Катанија, на италијанскиот остров Сицилија, повторно беше отворен утринава, откако беше принуден да се затвори во неделата бидејќи вулканот Етна исфрла пепел.
Активноста на вулканот е намалена, па аеродромот работи од утрово, но раководството предупреди на можни доцнења.
Етна се издига на повеќе од 3.300 метри и е најголемиот активен вулкан во Европа, со чести ерупции во последните 500.000 години, според научниците.