Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно се разбуди по пауза од 4 години. Исфрла лава од еден од најголемите кратери.
Ерупцијата на „Абис“ беше со силни експлозии и летечки парчиња од вжештена карпа од врвот на вулканот. Каскадата на лавата се влева во соседниот помал кратер.
Етна е највисокиот активен вулкан во Европа и има најдолга документирана историја на ерупции, која датира од 425 п.н.е.
Активниот вулкан се наоѓа во североисточниот дел на островот Сицилија, Италија. Неговата висина е 3357 метри. Изграден е од базалти, а на неговите падини има над 200 кратери и излевања на лава.
Вулканот е активен во различен степен, а понови ерупции се случија во декември 1991 година, април 1992 година, јули 2001 година и октомври 2002 година.
На 26 октомври 2013 година, Етна еруптираше уште еднаш, принудувајќи го затворањето на воздушниот простор околу Сицилија во раните утрински часови.
Вулканот еруптираше и на 23 ноември 2013 година. На 4 декември 2015 година имаше ерупција во утринските часови, што принуди да се затвори воздушниот простор околу Сицилија.
Најмоќната ерупција на вулканот се случи на 11 март 1669 година. Таа траеше четири месеци, одземајќи ги животите на најмалку 20 илјади луѓе, а 50 градови беа целосно уништени.