Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз.

Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој синоќа на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречка, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената.

Од таборот на етипската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен.

23-годишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, како и 3 сребра на светските првенства.

Share This Article