Етапната реконструкција на сите 9 државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Етапната реконструкција на сите 9 државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава, информира Министерството за образование.

За реализирање на реконструкцијата на домовите во  Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид се обезбедени 25 милиони евра преку кредит од  20 милиони евра од KFW развојната банка, а 5 милиони евра се грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP+) на Европската Унија.

Постапката на огласот за избор на фирми кои ќе работат на реконструкцијата е во фаза на доставување финансиски понуди и по избор на најекономичната ќе се склучи договор за изведба на работите.

Од МОН велат дека реконструкцијата која подразбира замена на сите позиции во домовите – електрични и водоводни инсталации, фасади, топлотни системи, врати, прозорци, молерисување, опремување и така натаму, ќе се одвива во три фази.

Во првата фаза која ќе се заокружи за 18 месеци од почетокот на градежните работи, целосно ќе се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Во втората фаза е предвидена реконструкција на студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“, „Никола Карев“- Охрид, „Браќа Миладиновци“ – Штип, „Народен херој Орде Чопела“- Прилеп, кои е предвидено да бидат NZEB (Near zero energy building), а во третата фаза реконструкција на мензата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на студентските домови „Кочо Рацин“ – Битола и „Пелагонија“.

Почетокот на градежните работи е предвиден во првата половина на 2024 година.

Share This Article