Естрадниот менаџер Новак Радин е уапсен пред два дена во Белград под сомнение дека продавал кокаин, а во куќата во која живее незаконски чувал пиштол и муниција од различен калибар.
Високиот суд во Белград на Новак Радин (40) му одредил 30 дена притвор поради сомнение дека неовластено поседувал 43,17 грама кокаин заради продажба, како и дека неовластено држел пиштол и муниција.
Притворот му е одреден за да не го повтори делото за краток временски период, потврдила за Танјуг портпаролката на тој суд, Милица Величковиќ.
Осомничениот претходно на рочиштето го негирал кривичното дело и ја изнел својата одбрана.
Како што дознава Танјуг, тој тврдел дека се работи за дрога за лична употреба, бидејќи има стресна работа, бидејќи е менаџер на Дадо Полумента, Андреана Чекиќ, Јелена Карлеуша и многу други.
Наредбата за спроведување на истрагата го товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.
Според наредбата за спроведување на истрагата, Новак во станот во Земун каде што непријавен престојувал, во фрижидерот чувал 43,17 грама опојна дрога кокаин, наменета за натамошна продажба на крајните корисници, кои му се јавувале на мобилен телефон за да се договорат за количината, цената, времето и местото на купување.