Деми Мур конечно е разоткриена. Ова е списокот на сите нејзини пластични операции. Од цената ќе ви се сврти во главата.
Сите секогаш се прашуваат како холивудската дива Деми Мур го одржува својот блескав и младешки изглед.
Иако надворешно изгледа самоуверено, Деми неодамна призна дека страда од многу несигурности за своето тело.
Деми (61) наводно направила естетски операции вредни 250.000 фунти (околу 300.000 евра), вклучувајќи импланти на гради, операција на носот и многу процедури против стареење, пишува „Дејли мејл“.
Со текот на годините, обожавателите шпекулираа дека таа отишла „под нож“, но во 2007 година, Деми ги демантираше сите гласини за пластична операција.
Години подоцна, шпекулациите повторно почнаа да се вртат кога таа прошета на модната писта на „Фенди“ со драматичен фејслифтинг.
Сепак, естетските хирурзи го коментираа нејзиниот изглед, посочувајќи дека таа навистина се подложила на естетски операции.
Еве што всушност направила Деми Мур.
Деми откри дека нејзините предни заби биле лажни откако ги изгубила поради „стрес“ во 2017 година.
Актерката призна дека и испаднале двата предни заба во емисијата на Џими Фелон.
Деми предизвика големи шпекулации кога се појави на шоуто на „Фенди“ во 2021 година.
Додека ја красеше модната писта, образите на Деми изгледаа поисполнети и поистакнати, како да беа затегнати од нешто, иако ништо не се гледаше.
Актерката беше речиси непрепознатлива бидејќи им се придружи на мноштво модели од А-листата на модната писта за презентацијата на „Фенди“ за пролет/лето 2021 година на дизајнерката Ким Џонс во Париз.
Деми се обидела да го демантира ова, но на крајот не успеала бидејќи биле видливи и знаците дека имала естетски зафати. Исто така, Деми не ни објаснила зошто нејзиниот изглед е поинаков од оној што го имаше пред самото шоу.
Пластичниот хирург д-р Марк Соломос за магазинот „Хелоу“ изјави дека може да се види дека Деми почнала со операции на млада возраст и желбата да изгледа помладо, поради што успеала тоа да го сочува.
Пофалувајќи ја нејзината „неверојатна структура на коските“, тој тврди дека имала подигнување на усните, ботокс, ласерска операција и ринопластика.
„Сето ова може да се види во пределот каде што е носот. Брчките се минимални, што не е вообичаено за некои кои не користат некаков вид на подмладување“, тврди хирургот.
Деми откри дека „најголемата заблуда“ за неа е дека го „сака своето тело“. Таа всушност е крајно несигурна, поради што постојано посетува третмани за подмладување.