ЕСМ уверува дека ќе произведе доволно струја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат и можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти и за зголемување на производството за дополнителни 20 проценти.

– Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија – истакна генералниот директор на АД ЕСМ, одговарајќи на новинарско прашање по еко акција во АД ЕСМ.

Според него, управните тела на АД ЕСМ деновиве интензивно комуницираат со сите производствени капацитети на компанијата и се консултираат со Владата пред да биде испратена понудата за цената на струјата до ЕВН Хоум. Се вложуваат максимални напори да се обезбедат дополнителни количества струја и покрај некоректниот и неморалниот чин на дел од општините и малите компании да преминат на регулираниот пазар на електрична енергија кој е наменет за домаќинствата, односно граѓаните.

– Ве уверувам дека АД ЕСМ ќе биде подготвена во второто полугодие на годината да ги произведе потребните количини на електрична енергија не само за ЕВН Хоум, туку и за ЕВН Електродистрибуција, за МЕПСО, па и за дел од институциите во државата кои во овој период силно го трпат ударот на високите
цени на отворениот пазар за да може да го ублажиме ударот кај некои од министерстата, особено Министреството за труд и социјална политика во чии ингеренции се градинките или МОН за училиштата – изјави Ковачевски.

Share This Article