Ескалира ситуацијата на Блискиот Исток по ракетирањето на болницата во Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илјадници луѓе излегоа на улиците пред израелскиот конзулат во Истанбул за да протестираат по ракетниот напад на болницата во Газа, за што Палестинците го обвинуваат Израел, а израелските власти возвраќаат дека болницата била погодена со ракета од палестинска територија.

Луѓето веат палестински и турски знамиња и извикуваат „Алаху акбар“.

 

Снимки од протестот се шират и на социјалните мрежи.

 

Според едно од видеата што се појавија на социјалните мрежи, се чини дека демонстрантите се обиделе да се пробијат до конзулатот и дека дошло до конфликт со полицијата.

Масовни протести и напад на израелската амбасада има и во Јордан.

Десетици луѓе упаднале во израелската амбасада во Јордан по експлозијата во болница во Газа.

Демонстрантите ја нападнале амбасадата и се запалиле оган.

- Advertisement -
Ad image

 

Откако беше погодена болница во Газа, при што загинаа најмалку 500 луѓе, масовни протести избија низ Блискиот Исток. Стотици луѓе излегоа на улиците во градовите во Турција, Јордан, Либан и на Западниот Брег. Во Рамалах на Западниот Брег, демонстрантите фрлаа камења врз полициско возило. Во некои области на градот се слушнале експлозии.

Протести се одржаа и во градот Тубас на Западниот Брег.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article