More

    Ескалира конфликтот во Либан

    spot_img

    Во порака на својот официјален канал на Телеграм, израелската војска тврди дека убила командант на Хезболах кого го нарекува Абу Али Рида. Се вели дека тој командувал со областа Бараахит во јужен Либан, објави британски Гардијан.

    Израелската армија (ИДФ) го опиша како „тој што бил одговорен за планирање и за извршување ракетни и противтенковски ракетни напади врз војниците на ИДФ“.

    „Војниците на ИДФ продолжуваат да спроведуваат ограничени, локализирани и насочени рации во јужен Либан, демонтирање на терористичката инфраструктура, лоцирање оружје и елиминирање на терористите“, соопшти израелската Влада.

    Огромни делови од населението на Либан се раселени од своите домови поради воената акција на Израел против Хезболах. Според либанските власти, повеќе од 2.800 луѓе се убиени во Либан од израелските напади. Десетици илјади Израелци во северниот дел на земјата исто така се раселени од своите домови поради речиси постојаното ракетирање од Хезболах и од другите антиизраелски сили во Либан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img