Шеесет и петгодишна скопјанка била измамена од машко лице со кое лани договарала брак преку социјална мрежа, соопшти полицијата.
На 16.07.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во мај 2025 година преку социјална мрежа комуницирала со машко лице и се договориле да склучат брак.
Според пријавеното, лицето ѝ побарало пари за да можат да се сретнат во Охрид, по што таа во три наврати преку брз трансфер на пари му пуштила вкупно 6.700 евра, а подигнала и 3.000 евра кредит од банка.
Како што е пријавено, откако не се сретнале, таа сфатила дека била измамена.