Вулканот Семеру, кој се наоѓа на истокот на индонезискиот остров Јава, еруптираше и расфрлаше вулканска пепел до висина од приближно 1.000 метри.
Како што пренесува Antara News, ерупцијата на вулканот Семеру се случила во 7:30 часот по локално време.
Од Центарот за вулканологија посочија дека е неопходно да се оддалечат пет километри од местото на ерупцијата и 500 метри од коритото на реката Бешук Кобокан.
Во ерупцијата на вулканот Семеру што се случи во 2021 година, загинаа 34 луѓе.
Во опасниот вулкански појас на „Пацифичкиот огнен прстен“, Индонезија има околу 130 активни вулкани.