Ерупција на подводен вулкан кај пацифичкиот остров Вануату

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Подводниот вулкан Ист Епи, кај островот Вануату во Тихиот океан, еруптираше исфрлајќи пепел во висина до 100 метри.

Воспоставен е безбедносен круг од 10 километри околу подводниот вулкан, кој се наоѓа на околу 68 километри северно од Порт-Вил, главниот град на земјата во Пацификот.

Над локацијата најпрво беше забележана пареа, а потоа вулканот утрово почна да исфрла пепел.

Властите велат дека бродовите и авионите треба да ја избегнуваат зоната.

„Го повикуваме локалното население да внимава на можни силни експлозии бидејќи ерупциите се уште траат“, изјави за AFP Рикардо Вилијам, специјалист за вулкани во Одделот за метеорологија и геолошки опасности во Вануату.

Вулканската активност започна околу 8:00 часот по локално време (23:00 часот вторник по средноевропско време), според локалниот метеоролошки оддел.

Претставник на владата изјави за АФП дека земјата почнала да се тресе, а чад се надвива над областа од почетокот на ерупцијата. Тој рече дека почнале и експлозии, а се уште се чувствува непријатниот мирис на сулфур.

Властите го подигнаа нивото на тревога за вулканите на прво ниво, од можни пет, што укажува дека се работи за „ситни потешкотии“.

Жителите на околните острови Епи и Тонгоа се повикани да избегнуваат излегување на брегот.

- Advertisement -
Ad image

Официјалните лица во соопштението изјавија дека иако центарот за предупредување за цунами лоциран во Алјаска, САД, нема регистрирано никаква активност во регионот на Вануату, таквите ерупции можат да создадат бранови од цунами.

 

Share This Article