More

    Еруптираше вулканот Безимијани на Камчатка

    spot_img

    Вулканот Безимијани на рускиот полуостров Камчатка исфрли облак од пепел висок околу 12 километри при неговата ерупција во петокот.

    Руските геолози објавија и фотографии од лава и испарувања кои излегуваат од вулканот.

    Безимијани е еден од најактивните вулкани во светот.

    Највисокото ниво на опасност, црвено, е прогласено за авијацијата.

    Според руското Министерство за цивилна одбрана, нема опасност за населените области или туристичките групи. Вулканот се наоѓа на околу 350 километри од Петропавловск-Камчатски, главниот град на полуостровот.

    Полуостровот е на околу 6.600 километри источно од Москва и е една од областите со најголема концентрација на геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.

    Поради своите вулкани, гејзери и термални извори, Камчатка е атрактивна дестинација за многу љубители на природата.

    Полуостровот Камчатка долг 1.200 километри и широк до 450 километри има околу 160 вулкани, но само неколку од нив се сè уште активни. Вулканскиот регион е светско природно наследство на УНЕСКО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img