More

    Еролд Муслиу активно следел функционери на ВМРО-ДПМНЕ, обвини партијата

    spot_img

    СДСМ целосно ја партизираше државата така што и во безбедносните структури, место професионалци, на раководни позиции назначуваше партиски послушници, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.

    „Изминатите 7 години на власт, СДСМ во клучните Агенции за национална безбедност (АНБ) и за разознавање (АР), од суштинска важност за безбедноста на Македонија, постави некомпетентни и партиски кадри.

    Таков е случајот со партискиот функционер, Виктор Димовски, кого СДСМ го постави на чело на АНБ. Димовски беше член на ИО на СДСМ, кое е највисоко тело во опозициската партија, а беше и член на нивните комисии.

    Додека, пак, Еролд Муслиу, кој раководеше со Агенцијата за разузнавање (АР), злоупотребувајќи ја позицијата, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од агенцијата направи партиски штаб на СДСМ.

    Исто така, потсетуваме дека СДСМ изврши партизација и во УБК, кога за директор го постави Миле Зечевиќ кој своевремено беше висок партиски функционер, а потоа стана и генерален секретар“, се вели во соопштението на партијата.

    Но, се наведува во соопштението, за разлика од партиските назначувања на СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е стручноста, професионализмот и компетентноста на кадрите.

    „Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби кои ќе работат за заштита на државните интереси и за независноста на службите. На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува практиката на партиска контрола над безбедносните служби. Стручноста, професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот и на државата, а не како што досега служеа како инструмент за партизација“, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img