More

    Еродоган соопшти дека договорот со Русија е продолжен за два месеци

    spot_img

    Црноморскиот договор за извоз на украинско жито е продолжен за уште два месеци, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Договорот беше потврден од Русија еден ден пред да може да го напушти договорот поради пречките за извозот на нивното жито и ѓубрива.

    Ердоган го објави ова во говорот пред претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), откако последниот брод го напушти украинското пристаниште со жито според договорот што овозможува безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море. Доколку немаше продолжување, договорот ќе истечеше утре.

    – Договорот за коридорот за жито во Црното Море е продолжен за два месеци со турски напори – рече Ердоган во својот телевизиски говор, заблагодарувајќи им се на рускиот и на украинскиот лидер и на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за нивната помош.

    ОН и Турција посредуваа во 120-дневен договор за извоз на жито во јули минатата година за да помогнат во решавањето на глобалната криза со храна влошена со инвазијата на Москва на Украина, еден од најголемите светски извозници на жито.

    Иако рускиот извоз на храна и ѓубрива не подлежи на санкции од Западот, Москва вели дека извозната бариера постои индиректно поради санкциите кои влијаат на финансискиот сектор, логистиката и осигурителните компании.

    Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното двомесечно продолжување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, што е од клучно значење за светската сигурност за обезбедување храна.

    – Ја поздравувам оваа одлука. Ова продолжување е добра вест за светот“, им рече Гутереш на новинарите. „Сè уште има отворени прашања“, призна тој, но изрази надеж „дека можеме да постигнеме сеопфатен договор за подобрување, проширување и продолжување на иницијативата, како што предложив во неодамнешното писмо до претседателите на Турција, Русија и Украина.

    – Овие договори се важни за глобалната сигурност за обезбедување храна. Повеќе од 30 милиони тони жито се извезени откако договорот стапи во сила во јули минатата година – рече Гутереш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img