More

    Ерменците бегаат од езгодус, 13.000 веќе пристигнале во матичната земја

    spot_img

    Километарска редица од автомобили снимил дрон во коридорот Лачин, рута која ги поврзува Ерменија и Азербејџан. Ерменците засилено бегаат од Нагорно Карабах и егзодусот, а веќе 13.000 од нив пристигнале во Ерменија. Тие бегаат и покрај ветувањата на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, дека нивните права ќе бидат почитувани, пишува РадиоСлободнаЕвропа.

    Езгодусот продолжува и денеска, само една недела по еднодневниот конфликт во регионот со само 120.000 жители ги разбуди страстите на блискиот Исток. Ерменската влада изјави дека е подготвена да ги прими сите бегалци.

    Утринава, локалните ерменски власти соопштија дека вчера најмалку 20 лица загинале во експлозија на складиште за гориво во Нагорно Карабах. Според нивниот извештај, 290 лица биле примени во болниците, а десетици од нив „останале во критична состојба“.

    Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и претседателот на Азербејџан ќе се сретнат на 5 октомври во Гранада, Шпанија, со учество на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, средба која е планирана долго време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img