Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати порака по повод вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Саудиска Џеда.
Ердоган рече дека вонредниот состанок на ОИК конкретно ја покажа решителноста на исламскиот свет во лицето на зголеменото угнетување од страна на Израел, како и солидарноста со палестинскиот народ и поддршката за палестинската борба.
Турскиот претседател рече дека од првиот ден вложуваат огромни напори за решавање на кризата која започна на 7 октомври и може да се прошири на целиот регион.
„Досега остваривме телефонски разговори со 18 лидери на ниво на шефови на држави и влади. Во соработка со египетските власти испорачавме три авиони со хуманитарна помош во регионот. Продолжуваме да му пружаме рака на помош на угнетениот народ во Газа кој живее под блокада веќе 17 години. Меѓутоа, акциите како што се испраќање носачи на авиони во регионот, блокирање на испораката на помош за палестинскиот народ и жестоко казнување на населението во Газа во целина ги спречија нашите напори за поддршка на мирот“, рече Ердоган во пораката.
Тој посочи дека целосно неефикасниот Совет за безбедност на Обединетите нации уште еднаш не ја исполни својата задача и одговорност.
„Западните земји, кои се многу амбициозни во зачувувањето на човековите права и слободи, не направија ништо друго освен дополнително да го разгорат огнот. Со нивното пристрасно и лицемерно известување, меѓународните медиуми побрзаа да го оправдаат убивањето луѓе“, додаде тој.
Тој посочи дека бомбардирањето на невините луѓе кои бегаат во областите наречени „безбедни зони“, граничните премини, џамиите, училиштата и населбите полни со цивили се само дел од воените злосторства.
„Масакрот во Газа доби нова димензија по гнасниот напад на баптистичката болница Ал-Ахли. „Оние кои долеваат масло на огнот со изјавите од 7 октомври се исто толку одговорни како и извршителите на овој потресен масакр“, рече тој.
Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да работи на хуманитарен прекин на огнот и воспоставување постојана стабилност во регионот.