Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека заедничката акција на обединетиот турски свет ќе го олесни патот кон прекин на огнот и траен мир во израелско-палестинскиот конфликт.
„Нема ништо што може да го оправда она на што сме сведоци од 7 октомври. Нема збор да се опише оваа бруталност. „Искрено кажано, во Газа се вршат злосторства против човештвото веќе 28 дена“, рече Ердоган во коментар за жестоките напади на Израел врз Газа за време на неговото обраќање на 10-от самит на Организацијата на турските држави во Астана, главниот град на Казахстан.
Ердоган рече дека Република Турција досега испратила десет авиони хуманитарна помош во Газа и дека ќе испрати уште, доколку условите дозволат.
„Нашите напори за организирање меѓународна мировна конференција се во тек“, додаде турскиот претседател.
Нагласувајќи дека Турција ја слави јубилејната 100-годишнина од прогласувањето на Републиката, Ердоган рече дека земјата продолжува да презема чекори кон мирот, просперитетот и безбедноста на целиот турски свет.
„Работиме на нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“, рече Ердоган.