More

    Ердоган телефонски му рекол на Зеленски да размисли за дипломатско решение

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со својот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Тие разговарале за последните случувања во врска со војната во Украина. Ердоган истакнал дека под какви било околности треба да се зачува можноста за дипломатско решение на кризата во Украина.

    Тој додал дека Турција е подготвена да направи сè што е потребно за да се стави крај на војната преку преговори, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

    Ердоган, исто така, му се заблагодари на претседателот на Украина за неговото сочувство за минатонеделната експлозија во рудник во округот Бартон, северна Турција, во која загинаа 41 лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img