Во Мадрид се одржа Самитот на НАТО, на кој секако присуствуваа и лидерите на земјите учеснички. На маргините на настанот, претседателите на САД и Турција, Џо Бајден и Реџеп Таип Ердоган се сретнаа и се пошегуваа на сметка на британскиот премиер Борис Џонсон.
– Ова е срам за нас – рече Ердоган покажувајќи кон британскиот премиер. На видеото кое се најде на социјалните мрежи, забележлива е двосмислената реакција на Џонсон на она што го слушна.
После тоа, политичарот го впери прстот кон Ердоган, обидувајќи се да каже нешто како одговор, но Бајден ја смири ситуацијата.
– Ова е шега, шега, смири се Борис – рече американскиот претседател. Тогаш сите тројца се насмеаја.
На самитот членките на НАТО усвоија нов стратешки концепт на организацијата, според кој Русија се доживува како закана, а Кина како конкурент.