Ердоган по тричасовната средба со неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Сочи изјави дека очекува наскоро да биде донесена одлука за договорот за жито

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по тричасовната средба со неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Сочи изјави дека очекува наскоро да биде донесена одлука за договорот за жито.

– Разговаравме за обновување на договорот за жито во Црното Море. Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со иницијативата за жито – рече Ердоган.

Тој истакна дека алтернативните опции од договорот за жито во Црното Море не даваат трајно решение и дека иницијативата мора да продолжи, пополнувајќи ги празнините.

– Сакаме да испратиме жито во сиромашните земји, разговаравме за тоа со Путин. Турција ќе направи сè што е потребно за да испрати жито во сиромашните земји, се договоривме за тоа – истакна Ердоган.

Според него, „Украина треба да ја омекне својата позиција кон Русија во однос на договорот за жито“.

– Разговаравме за земјоделството, туризмот, финансиите, енергијата и други прашања – додаде Ердоган.

Путин по средбата со Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји.

Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article