Ердоган оствари средба со Урсула фон дер Лајен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турција и Европската Унија се согласуваат за потребата од зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Сирија во ерата по Асад, со посебен фокус на создавање инклузивна влада, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолија.

НЕ САКАМЕ ДА СИ ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО ИЗРАЕЛ Ал Џолани го предупреди Ерусалим да ги прекине воздушните напади врз Сирија
– Се согласуваме за зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Сирија, особено за воспоставување инклузивно управување – рече Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Анкара.

Ердоган рече и дека односите меѓу Турција и ЕУ и заедничките интереси „не треба да бидат заложници на неплодните планови на одделни членки на ЕУ“.
Тој ја нагласи потребата од посилни и од поинституционализирани односи со ЕУ, додавајќи дека Турција, како земја кандидат, е посветена на оваа цел.

Наведувајќи два долгорочни приоритети за неговата земја, Ердоган, изрази надеж и за одлуките на ЕУ за ажурирање на Царинската унија и за забрзување на визниот процес за турските граѓани додека не се постигне визна либерализација на следниот самит на ЕУ.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, Ердоган рече дека Турција е единствената земја и единствениот сојузник на НАТО што на терен ги победила терористичките организации ПКК и ИСИС.

Share This Article